На средбата беа разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, беше констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот.

„Политиките кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ денеска имаат извонредно значење, во светло на континуираната борба за заштита и промоција на човековите права и основните слободи“, нагласи Османи на средбата.

Османи изрази недвосмислена поддршка за активностите кои ја промовираат слободата на изразување и подготвеност за натамошно унапредување на медиумското опкружување и услови за работа на новинарите.