„Имаше луѓе од овде што се обидуваа, се јавуваа кај министри, кај политички партии, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа државна стратегија. Доколку се докаже дека тоа е дел од некоја поорганизирана шема за да се наруши државната позиција, тоа веќе покренува сосема друго прашање“, рече шефот на дипломатијата во „360 степени“.

Тој истакна дека не мисли за новинарите и аналитичарите, кои, како што посочи, во недостиг на информации биле принудени да создадат свој наратив.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборувајќи за молкот од владата по протекувањето на францускиот предлог во јавноста, рече дека тоа било дел од државната стратегија, но и дека имало обиди за хибридни напади, со цел да се наруши таа стратегија.