Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со Вопке Хукстра, министер за надворешни работи на Кралството на Холандија, изрази здоволство што одржуваме добар интензитет на политички дијалог на високо ниво.

Ова е одраз, нагласи Османи, на пријателството и партнерството помеѓу нашите две држави што се одвива во последните три децении. Шефот на дипломатијата информирајќи дека идната година одбележуваме 30 години од воспоставување дипломатски односи со Кралството Холандија, нагласи дека Холандија е една од најголемите и најконзистетни поддржувачи на демократскиот развој на РС Македонија, но и на евроатлантските перспективи.