Османи: Ердоган може да го убеди Вучиќ да го признае Косово

Претседателската на Косово, Вјоса Османи смета дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган може да го убеди нивниот српски колега, Александар Вучиќ да ја признае независноста на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за Светскиот сервис на турската државна телевизија ТРТ (TRT World), кое синоќа го пренесе на нејзината официјална страница на Фејсбук, Османи го покани нејзиниот турски хомолог да го посети Косово.

– Јас верувам дека турскиот претеседател, Ердоган може да има мошне значајна улога во убедувањето на Вучиќ дека единствениот пат за обезбедување долгорочна стабилност во Западен Балкан е признавањето на косовската независност од страна на Србија, рече Османи. Напоменувајќи дека дијалогот меѓу Косово и Србија сепак се одвива со посредство на Европската унија, косовската претседателка нагласи дека Србија не почитува низа од договорите кои ги потпишала. – Ердоган може да ги убеди да ги одржат ветувањата, изјави Османи.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...