Општина Центар заштедила 700 000 денари, не се трошело по кафани и на патувања

Општина Центар заштедила повеќе од 700 000 денари затоа што во изминатата година не направила трошоци за угостителски услуги и за патувања во странство.

Како што информираат од Центар, градоначалнкот Горан Герасимовски го исполнил она што го ветил, а тоа е одговорно и домаќинско работење, а во првата година од неговиот мандат реализирани се бројни настани и проекти, започнати се капитални инвестиции со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните и ги зголемуваат можностите за социјален и економски развој.

Сите овие проекти кои во изминатата година се започнаа и голем дел од нив веќе реализираа се доказ дека единствен мој фокус и на општинската администрација се граѓаните и нивните интереси и потреби. Сите непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се одлика на оваа локална самоуправа. Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на општината и затоа единствениот начин да заштедиме и инвестираме е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии – посочува Герасимовски.

Во интерес на граѓаните во следниот период Герасимовски и општинската администрација ќе одржат серија трибини на кои ќе ги слушнат барањата на граѓаните во рамки на буџетскиот форум. Дел од овие барања ќе бидат вградени во креирање на буџетот за 2023 година.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...