Актерот Џони Деп се забавува со еден од адвокатите од тимот што го застапуваше на судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд во Велика Британија, кога актерот го загуби случајот.

Иако многу се зборуваше за тоа дека Деп и адвокатката Камил Васкез се вљубиле еден во друг за време на нивната соработка, вистината е дека срцето на Џони го освоила друга адвокатка, Џоел Рич, пишува TMZ.

Според гореспоменатите медиуми, Џоел е мажена, но е во процес на развод, а во овој брак има две деца.

Рич не беше дел од тимот на неодамнешното судење на Деп и Херд во Вирџинија, кога актерот го доби случајот против неговата поранешна сопруга, но таа беше присутна на суд во знак на поддршка.

Што се однесува до Џоел Рич, таа е адвокатка од Велика Британија.

Актерот се уште се нема огласено во врска со ова.