Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски, премиерот на Република Албанија Еди Рама како други владини претставници на двете земји учествуваше на официјалната церемонија на Едношалтерскиот систем кај заедничкиот граничен премин меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
Груби на својата официјална фејсбук страна пишува дека овој голем проект означува голема соработка меѓу двете земји и дека ваквите проекти не завршуваат тука, туку продолжуваат се додека границите целосно не се стстранат.
Целосна објава:
Голем ден денес во поглавјето на нашата соработка со Република Албанија! Започна да функционира граничниот премин со само една контролна точка (One Stop Shop) во Ќафасан.
Денеска пробиваме уште една бариера за полесна и ефикасна комуникација меѓу нас, отвораме пат кон нова димензија на соработка со олеснување и поедноставување на движењето на граѓаните и стоките меѓу нашите земји.
Искажувам благодарност до сите институционални инстанци во нашата земја кои придонесоа за реализација на овој проект, до властите во Република Албанија, бидејќи не поминаа ниту три недели од посетата на премиерот Еди Рама на Скопје, кога заеднo се заколнавме дека ќе го реализираме заедничкиот граничен премин со Република Албанија во Ќафасан и сега за помалку од три недели ова е реалност.
Нема да застанеме тука! Сите наши граници треба да имаат “Оne Stop Shop“, како предакт до отстранување на границите засекогаш меѓу нас.