Поранешната мис универзум, денес модел и актерка, Оливија Кулпо, продолжува да фасцинира со својот изглед.

Таа, дефинитивно, е една од најубавите жени на светот, која често објавува фотографии на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“.

На фотографиите секогаш изгледа совршено, а во саботата ги израдува своите фанови со нова објава.

Во неа Кулпо објави неколку селфи во огледало пред настан во Лос Анџелес.

На првата фотографија 30-годишната актерка на себе има големо палто. На изгледот му додаде римјанки, црна чанта и очила за сонце.

А на другите атрактивната Оливија има разни комбинации.