На црногорското крајбрежје вчера животот го загубија две лица , пренесува националната црногорска телевизија.
Состојбата на црногорското приморје денеска е многу посложена поради зголемениот ветер, а издадена е и препорака до капачите и сопствениците на бродови, да не излегуваат на отворено море и во вода бидејќи постои голем ризик.
Денеска на плажите има огромни бранови и ветер.
Особено големи бранови има Улцињ каде рибарите биле принудени да ги извлечат чамците од водата за да избегнат штета.