Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Леандро Паредес е нов играч на Јувентус.

Паредес беше голема желба на тренерот Алегри, а Јувентус постигна договор со ПСЖ и денес го комплетираше трансферот.

Аргентинецот доаѓа на позајмица со право на откуп следното лето, а откупот може да биде задолжителен доколку Паредес одигра одреден број натпревари.

Јувентус за позајмицата плати 2 милиони евра, а ќе има можност да го откупи договорот за додатни 20 милиони евра.