Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓


Она што се очекуваше сега доби официјална потврда, Јувентус нема да игра во Европа во новата сезона, на негово место во Конференциската лига ќе настапи Фиорентина.

Јувентус минатата сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Меѓутоа, УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.

УЕФА денес го суспендира Јувентус од Европа за идната сезона и му даде казна од 10 милиони евра поради финансиски нерегуларности.

Казната може да се зголеми на 20 милиони евра доколку во следните три години Јувентус ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј.