Газидис е еден од највлијателните спортски менаџери и значително ја подобри финансиската ситуација на „росонерите“ во изминатите четири години.
Откако ова лето Милан доби нови сопственици, стана јасно дека Газидис ќе си замине, а неговиот договор истекува на 5-ти декември.
Под негово водство, клубот се врати во Лигата на шампиони по седум години пауза, а минатата сезона го освои Скудетото.
„По четири прекрасни, тешки години си заминувам од Милан. Му должам толку многу на овој клуб, на луѓето, фановите и на овој град кои буквално ми го спасија животот. Ако клубот е во подобра положба сега од моментот на моето пристигнување, тоа е поради работата на луѓето со кои бев опкружен, од сопствениците, иректорот, тренерите, спортските директори, фудбалерите и секое момче и девојче кое е во нашите академии“, изјави Газидис.
🗣️ “From now on, I will watch #ACMilan play as a passionate fan, as one of you, forever!”
Watch Ivan Gazidis’ farewell message🗣️ “D’ora in poi guarderò giocare il Milan come un tifoso innamorato, come uno di voi, per sempre”
Il messaggio di Ivan Gazidis a tutti i Rossoneri pic.twitter.com/WygdpK9YgY— AC Milan (@acmilan) November 9, 2022