Репрезентацијата на Сенегал потврди дека првата ѕвезда, Садио Мане сигурно ќе го пропушти Мундијалот во Катар.
Згаснаа надежите дека Мане може да се рехабилитира од повредата, па стигна потврда дека Сенегалецот сигурно нема да игра на Светското првенство.
Мане беше повикан и отпатува со репрезентацијата, а надежите беа дека ќе ги пропушти само првите два меча.
Меѓутоа, рехабилитацијата на неговата повреда се одвива споро, па јасно е дека нема да може да настапи на Мундијалот.
BREAKING: Sadio Mané will miss the World Cup, Senegal confirms. He will not be able to be part of the squad as he’s not recovering from his injury. 🚨🇸🇳 #WorldCup2022 pic.twitter.com/RIn9ISBGi0
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 17, 2022