Од достапните податоци на ТАВ Македонија, може да се забележи дека од утрово речиси целосно да е нормализиран авио сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Утринава, и покрај маглата, од Меѓународниот аеродром „Скопје“ полетале шест авиони. Некои од авионите полетале со мало задоцнување.
Синоќа неколку летови беа пренасочени и слетаа кон Приштина, но од полноќ се реализираа слетувања од неколку дестинации.
За утрово закажаните полетувања исто така се остваруваат.
Поради густа магла два дена аеродромот во Скопје откажуваше, пренасочуваше или доцнеше со летови.