Од утре постапката за признавање странски дипломи ќе биде по електронски пат

Постапката за признавање странски дипломи и образовни квалификации од утре, 4 ноември, ќе се реализира само по електронски пат, објави Министерството за образование и наука (МОН).

Барањата за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно со правните прописи, како и електронско плаќање, ќе се поднесуваат преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk.

„Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга“, велат од МОН.

Оттаму додаваат дека процесот на дигитализација на образованието и на образовните услуги и натаму ќе биде една од приоритетните цели во насока на модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор. Истовремено од МОН најавуваат дигитализација и на други услуги.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...