Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука од ноќеска на полноќ да ја зголеми цената на горивата во однос на одлуката што ја донесе во понеделникот на 3.10.2022 година.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука од ноќеска на полноќ да ја зголеми цената на горивата во однос на одлуката што ја донесе во понеделникот на 3.10.2022 година. Така од утре 6.10.2022 година бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 86,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 89 денари за литар а ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава за 92 денари за литар. Од ноќеска на полноќ поскапува и Екстра лесното масло кое ќе се продава по 92 денари за литар а Мазутот ќе чини 59, 22 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека ваквата одлука е донесена затоа што цените на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,8 отсто, кај дизелот за 3,6 отсто, кај екстра лесното масло за 4,6 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,9 отсто. Од таму напоменуваат дека овие цени се масимални а трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...