Фудбалерот на Челзи Пјер-Емерик Обамејанг изјави дека се надева оти лондонскиот клуб ќе доживее подобри денови со новиот менаџер Греам Потер.

Челзи минатата недела го отпушти менаџерот Томас Тухел, кој пак го до доведе Обамејанг на „Стенфорд Бриџ“.

„Сите знаат каков однос имав со Томас. Секогаш е тажно кога некој го напушта клубот. Фудбалерот мора брзо да се прилагоди на некои работи во сезоната. Беше луда недела за сите нас. Тажно е, но се надевам дека претстојат подобри денови. Мислам дека е чудно за сите, но како што реков, ова е фудбал и треба да се прилагодите на ситуацијата“, рече Обамејанг.

„Се надевам дека не чекаат подобри денови. Кога играш за Челзи потребни се резултати колку е можно побрзо. Затоа сум малку нервозен денес“, изјави напаѓачот.