
Фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг и неговата сопруга Алиша Бехагу беа ограбени во неделата во својот дом во Барселона.




Фудбалерот од Габон преживеал вистинска драма, откако напаѓачите му нанеле телесни повреди со метални шипки и му одзеле дијамти и вредни предмети.




Обамејанг и неговото семејство се преместени во хотел додека полицијата не ја заврши истрагата во нивниот дом.




„Благодарам на сите за поддршката. Во неделата вечер едни страшливци упаднаа во мојот дом и ги заплашија моето семејство и деца само за да украдат нешто. Се здобив со повреди на вилицата, но ќе се опоравам за брзо. Тешко е да се разбере и да се опише чувството дека не сме безбедни во својот дом, но јас и моето семејство ќе го пребродиме ова и ќе бидеме посилни. Благодарам за поддршката, тоа многу ми значи“, се огласи Обамејанг.
— AUBA⚡️ (@Auba) August 31, 2022