Аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала трагично загина во јануари 2019 година во авионска несреќа, а сега е објавена снимка направена пред кобниот лет.
Сала договори трансфер од Нант во Кардиф за околу 15 милиони фунти. Се качи во приватен авион, но тој падна над Ла Манш и го загуби животот.
Неговото тело беше пронајдено дури две недели подоцна, а сега „Би-Би-Си“ објави снимка пилотот на авионот Дејвид Иботсон како му вели на пријател пред летот:
„Преземав фудбалер од Кардиф, бил купен од Нант за 20 милиони фунти мислам. Ми го доверија да го превезам во еден сомнителен ‘мираж’. Нормално би имал елек за спасување помеѓу седиштата, но утре дефинитивно ќе го носам на мене, авионот е несигурен“, рекол Иботсон во пораката до својот пријател.
‘I’m on a plane that looks like it’s falling apart… I’m scared’
Exclusive CCTV footage shows the last time Emiliano Sala is seen alive boarding the doomed flighthttps://t.co/0oiJwj3Ihp pic.twitter.com/uL7l6BzsvV
— BBC Wales News (@BBCWalesNews) September 21, 2022