Нуредини: Напредокот во животната средина е евидентен

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествува на  9-та Министерска конференција за животна средина за Европа, што од 5-ти до 7-ми октомври се одржува во Никозија во Кипар  и е фокусирана на одржлива инфраструктура, одржлив туризам и образование за одржлив развој.

Во рамките на Министерската конференција се организирани повеќе придружни настани. Министерот Нуредини имаше обраќање на придружниот настан: „Кофинансирање на активности за примена на препораките од Прегледот на перформансите на животната средина (Environmental Review Prerfomance – EPR)“ кој имаше за цел да ја промовира операционализацијата на препораките од EPR на Мароко, Северна Македонија, Таџикистан и Узбекистан со цел истите да се подобрат.

Министерот Нуредини во  обраќањето ја истакната важноста на поддршката од ОН и UNECE во напорите за подигање на еколошките стандарди и усогласување со меѓународните договори и обврски, земајќи ги предвид националните околности и специфичните потреби на земјата.

-Прегледот на перформансите на животната средина за Северна Македонија е сеопфатен документ кој обезбедува рамка за развој на политики и иницијативи на управување, правни инструменти и политики, како и практични акции и проекти – истакна Нуредини и посочи дека во однос на препораките од 3-от EPR во нашата држава се преземени бројни чекори и се постигнати видни резултати.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...