Во астролошка смисла овогодишниот ноември почна малку бурно бидејќи на осми имавме затемнување на полна Месечина. Можеби тоа донесе многу проблеми, но многу од нив се всушност многу важни за вас.

Во ноември имаме и поволен ден. Еден од најсреќните датуми во нумерологијата е секако 11.11. Оваа година на 11 ноември повторно имаме убава енергија за низата 11-11, односно магичниот датум на огледалата.
Нумеролозите сметаат дека овој ден е особено поволен за трансформација, но сѐ се работи низ засилени емоции. Можно е некои наши потиснати емоции и стравови да избијат на површината, особено кога се работи за љубовните односи. Но, тоа значи и ослободување од сето она што ви тежело. Партнерот треба да знае за ова, па тогаш, кога сите карти ќе бидат отворени, лесно ќе може да се најде компромис.
Според тоа, 11 ноември е време за креативни идеи и потрага за нови и нестандардни решенија. Денес вреди да ги запишете своите мисли и идеи, да ги земете во обѕир. Можеби е време да доживеете и некои стари идеи, кога станува збор за работата и развојот.
Важно е денеска да останете смирени и оптимистични. Направете нешто убаво за себе, отидете на базен или спа, дозволете си релаксација и одмор. Особено е важно да се опуштите и растеретите.
Исфрлете ја од себе негативната енергија за да може да ве исполни нова. Држете ги своите емоции под контрола и научете како да ги истакнете и поделите со другите.