Францускиот стратег Кристоф Галтие од следната сезона ќе го води Пари Сент Жермен.

Пред Галтие ќе има голема работа да направи реконструкција на тимот и да донесе важни одлуки, а главна цел секако ќе биде долгопосакуваната титула во Лигата на шампиони.

Галтие во четвртокот имал состанок со новиот спортски директор Луис Кампос во врска со играчкиот кадар за следната сезона.

Тренерот посочил дека клучни играчи во неговиот проект ќе бидат Меси, Мбапе, Верати, а прв голман ќе биде Донарума.

Во својата дебитантска сезона Донарума минутажата ја делеше со Кејлор Навас, што не се покажа како добар потег.

И покрај неколкуте киксови што го направи, сепак новиот тренер верува дека Донарума е еден од најдобрите голмани во светот и ќе го назначи за прв голман следната сезона.

Коментари