Каталонските медиуми денеска објавија како тоа ќе изгледа новиот дрес на Барселона за сезоната 2023/24, па фановите буквално се шокираа.

Сензационално одекна веста дека резервниот сет дресови ќе бидат бели, а таа боја е симбол на најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Станува збор за втората гарнитура на дресови, која многу наликува на дресот на „кралскиот“ клуб, па навивачите се противат.

Сепак, треба да се напомене дека белиот дрес не е новост за Барселона, која редовно носеше бел дрес до крајот на 70-те години на минатиот век.