Поради болест натпреварот против Мароко во таборот на француската репрезентација го пропуштија Дајот Упамекано и Адриен Рабио, а проблемите за Французите сега дополнително се зголемиле.


Мароко пишува историја! Можат и со Франција! – 21 ден ↓↓↓


Франција уште пред почетокот на Светското првенство започна да се соочува со проблеми со повреди, истото се случуваше и за време на Мундијалот, па и сега повторно.

Последните откажувања доаѓаат поради болест.

„Утрово Коман имаше треска. Ќе го изолираме него од останатите фудбалери, исто како што беше со Рабио“, потврди Дешамп.

За Рабио подоцна се потврди дека во прашање бил новиот вирус „камила“ и тој веднаш бил изолиран. Французите стравуваат да не се појават нови случаи до почетокот на финалето со Аргентина.

Коментари