Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие им забрани на најголемите ѕвезди на тимот, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, како и на другите фудбалери да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објави португалски „Рекорд“.

Галтие исто така наредил споменатата тројка да вечера со остатокот од тимот во тренинг кампот, освен во посебни прилики.

Мерките на новиот тренер значат и дека пристигнувањето на тренинг е меѓу 8:30 и 8:45 часот, а секој фудбалер кој доцни може слободно да се врати дома.

Фудбалерите на ПСЖ моментално се на турнеја во Јапонија каде го совладаа Кавасаки Фронтале со 2:1.