Treasure Hunt: Доделени првите 100€, најдоброто допрва следува! ↓↓
Почетокот на фудбалскиот шампионат во Србија можеби нема да започне во планираниот термин.
За преместување на стартот ќе се одлучува во четврток во Судот за спортска арбитража во Лозана.
Адвокатскиот тим на Колубара поднесе жалба, а од Лозана многу брзо реагираа и потврдија дека по итна постапка ќе одлучуваат за елиминацијата од лигата.
Како што е нагласено, до среда двете страни се должни да се изјаснат за случајот во кој Колубара е елиминиран од Супер лига Србија.
После нивната жалба и заседанието во Лозана, во четврток попладне ќе се изнесе конечната одлука.