Владата денеска на 88-та седница го презентираше новиот пакет антикризни мерки кои доаѓаат како помош за сите граѓани, особено на најпогодените ранливи категории, како што најави првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу зедниците, Артан Груби.
– Новиот сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза вреден над 350 милиони евра во текот на 2022 година, вкупниот пакет изнесува досега 750 милиони евра,
– Програмата за електричната енергија за најранливите категории помага на 4000 семејства, со што секое семејство е помогнато со скоро 200 евра,
– Помош на општините преку поволен кредит во вредност од 10.5 милиони евра преку МСИП,
– Компаниите се ослободени од ДДВ,
– Поволни кредити за инвестиции во енергетска ефикасност во вредност од 100 милиони евра по принципот 1+2,
– Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%, 611.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи имаат пет пати помала сметка, помош вредна 222,7 милиони евра,
– Исплата на еднократна помош од 3.000 денари за 36.000 домаќинства, одвоени скоро 40 милиони евра,
– 8 милиони евра за 42 илјади граѓани, и тоа:
*Во наредните 4 месеци по 3 000 денари,
*Корисници на социјална помош,
*Родители со деца со посебни потреби,
*Самохраните родители,
*Невработените (стечајни работници),
– Зголемување на пензиите согласно новата методологија за над 330.000 пензионери, 73 милиони евра
– Субвенции за земјоделскиот сектор, 52 милиони евра,
– Мој ДДВ, 18 милиони евра,
– Помош за основните и средните училишта за елекричната енергија, 1 милион евра,
– Овозможуваме снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија по далеку поповолна цена од пазарната цена,
– Поволни кредити за компаниите преку гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, 5 милиони евра,
– Овозможуваме забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку од 30 дена за поврат на ДДВ за што се одвоени вкупно скоро 160 милиони евра,
– Кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност со структура на финансирање 60%-40%, 10 милиони евра,
– За набавка на енергенси и затоплување на Градот Скопје, обезбеден е кредит од 100 милиони евра, истакна Груби.