Ништо од трансфер, Кејн става потпис на нов договор

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е спремен да стави потпис на нов договор и да ја продолжи верноста со „спарси“, пренсуваат медиумите на Островот.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година, но 29-годишниот Англичанец донел одлука да го продолжи својот престој во клубот.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Кејн на лето може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Баерн Минхен, а наводно интерес за Кејн покажува и Челзи.

Меѓутоа, Тотенхем не сака да дозволи најголемата ѕвезда на лето да влезе во последната година од договорот и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.

Хари Кејн е спремен да стави потпис на нов договор и да ја продолжи версноста со клубот каде ја помина целата своја кариера. Тој има постигнато 254 гола на 395 натпревари за „спарси“.

Коментари
ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...