Aнглискиот фудбалер Деле Али некогаш важеше за еден од најголемите таленти на Островот и Тотенхем за него бараше сума од 100 милиони евра.

Деле Али во тие најдобри денови не го напушти Тотенхем и остана во Лондон. Потоа следуваше вртолгав пад во кариерата. По доаѓањето на Жозе Мурињо во Тотенхем се загуби, беше отпишан и подоцна кај Конте, одигра на позајмица во Евертон кој не сакаше да го откупи.

Сега според најавите ќе оди на нова позајмица во тимот на Бешкиташ. Информациите се дека од трансферот двете страни ги делат само детали. Бешикташ ќе има можност и да го откупи на крајот од сезоната.

Ќе потсетиме со Бешикташ денес професионален договор до 2027 година потпиша 18-годишниот македонски талент Бесар Гуџуфи.

Коментари