Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК

По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.

Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба. Важно е, како што се наведува, на пациентките да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично. Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените – годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...