Пари Сент Жермен и Јувентус играат фантастичен натпревар во Лигата на шампиони кој од самиот старт почна со возбудувања.

Нејмар и Мбапе уште во 5-та минута ја посрамотија одбраната на „старата дама“. Бразилецот со фантастична асистенција го почести Французинот кој погоди за 1:0.

Дваесетина минути подоцна Мбапе повторно постигна гол, овој пат на асистенција на Хакими.