Пари Сен Жермен оствари убедлив триумф против Гамба Осака (6:2)  на денешниот пријателски натпревар од турнејата во Јапонија.

Нејмар постигна два гола и имаше една асистенција, но пак е цел на критики и на потсмев поради неговата срамна реакција со која сакаше да изнуди пенал.

Играчот на Осака ја тргна ногата, а Бразилецот иако не беше ни допрен, падна како покосен.