
Бразилската ѕвезда Нејмар се повреди на мечот против Србија, по што мораше да направи пауза, но сега е подготвен за осминафиналето против Јужна Кореја.
1/8 финале на СП: Мегваер пак е главна тема – 15 ден ↓↓↓




Бразил утре ќе се соочи против Јужна Кореја, а на денешната прес-конференција селекторот Тите кажа дека Нејмар ќе биде дел од екипата.




„Нејмар ќе игра. Тој тренира и ќе биде дел од натпреварот. Ако нема проблеми, тој ќе биде во првиот состав, но ве уверувам дека ќе играме со најдобрите фудбалери во моментов“, изјави Тите.