Изборниот процес од Локалните избори за градоначалник во Општина Маврово и Ростуше утрово почна навреме, информира Ивана Ѓорѓеска, претседател на Општинската изборна комисија. Сите гласачки места, вкупно 39, утрово биле отворени во 7 часот.
Право на глас, во оваа општина според избирачкиот список имаат 9.948 граѓани.
Гласањето трае до 19 часот.
Денес, избори за градоначалник се одржуваат и во Центар Жупа, додека во Општина Тетово се избираат членови на Советот.