Реал Мадрид продолжи со одличните резултати од почетокот на сезоната.

После шест кола „кралевите“ се лидери во Примера и имаат максимален учинок, се наоѓаат на првата позиција. Во вчерашното градско дерби го совладаа Атлетико со 1:2.

На оваа средба на „Ванда Метрополитано“ немаше „топло“ добредојде за Тибо Куртоа кој во минатото го чуваше голот на „јорганџиите“. Преку целиот натпревар Куртоа се соочи со навреди од трибините, а во еден момент и им одговори на навивачите кои беа во негова близина.

Коментари