Во натпреварот од петтото коло во турската Суперлига се сретнаа Анкарагучи и Бешикташ, натпреварот заврши со победа од 3:2 за Бешикташ.

Моментот поради кој овој натпревар се најде во центарот на вниманието се случи во самата завршница кога навивач втрча на теренот и со „мајагери“ го удри Тосун. По тој момент следуваше општ хаос на теренот.

Црвен картон добија Марлон Касвијер од редовите на домаќините и Жозеф де Соуза од Бешикташ. Тосун ова лето од Евертон се врати во турскиот клуб.

Треба да се спомене и дека во овој натпревар гол после 378 дена постигна Деле Али.

Коментари