Во претходниот период во италијанските медиуми се појавија информации дека Елиф Елмас до Наполи поставил ултиматум за поголема минутажа во спротивно би можел да си замине.

Сепак, како еден вид демант сега стигна видео објавено на официјалните канали на клубот од Неапол. Калчолигашот објави видео со најдобрите потези на Елмас и така потсети на квалитетите на македонскиот репрезентативец.

Во медиумите се пишуваше дека Елмас минатата сезона иако одигра солиден број на натпревари, сепак проблем наводно било што повеќе влегувал од клупата за резерви. Сега се демантирани информациите за било каков проблем меѓу двете страни.

Коментари