Главниот град на Украина и многу други градови се под ракетен напад, објави денеска заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, повикувајќи ги луѓето да останат во засолништа.

Серија експлозии утрово го погодија Киев.

На социјалните мрежи се шири видео снимка на која се гледа како лице поминува на Кличковиот мост во Киев во моментот на нападот. Се гледа силна експлозија.

 

00:00
/
01:10

 

Мостот се наоѓа во близина на плоштадот Мајдан во самиот центар на градот.

Видеото го објави и Виталиј Ким, шеф на регионалната воена администрација во Миколаев.

На социјалните мрежи се шират различни снимки од нападот во Киев, меѓу кои и видео на кое се гледа кратер на детското игралиште кое се наоѓа во паркот на населбата Шевченко.

 

Во неделата одекна експлозија на мостот Керч што ги поврзува Крим и Русија.

Москва го нарече нападот терористички и ја обвини Украина.