Home Македонија Над 70 отсто од потрошената струја во април била од домашно производство

Над 70 отсто од потрошената струја во април била од домашно производство

145
0
Вкупната потрошувачка по видови на енергенси во земјава во април оваа година изнесувала – 626.982 МWh електрична енергија, 7.339 мил. нм3 природен гас, 485.350 тони јаглен и 93.840 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 73.7 отсто во потрошувачката, додека 97.4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.