– При акциската контрола на полициските службеници на територијата на СВР Тетово, вчера од 22 до 04 часот, биле санкционирани 36 возачи од кои 24 во Тетово и 12 во Гостивар, кои возеле под дејство на алкохол.

Кај еден возач од Тетово, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.

– Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, информира МВР. Санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (13 во Тетово и 5 во Гостивар).

СВР Тетово повторно со апел до возачите, посебно до младите, да не се возат доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места.