УХМР информира дека времето денеска ќе биде сблачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).

Максималните дневни температури ќе се движат до 20 степени целзиусови.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 18 степени целзиусови.