Најмалку 23 лица загинаа, а 140 се ранети во судир меѓу ривалските групи во Триполи, главниот град на Либија, пренесува Ројтерс.

Повикувајќи се на неименувани извори на либиското Министерство за здравство, агенцијата наведува дека меѓу жртвите има 17 цивили.

Судирот на групите избувна во саботата вечерта, во обид да воспостават контрола над либиската влада. На социјалните мрежи беа објавени фотографии и видеа на кои се гледа како облак од црн чад се издига над градот, на улиците се гледаат воени возила, а се слушаат експлозии и пукотници.