Група студенти од новоформираното младинско движење „Студентски отпор“, кое јавноста го запозна од неодамна, денеска во 16 часот ќе се соберат пред Собранаието на протест, фрустрирани од предлог измените на Законот за студентски стандард.
Јован Јанев од „Студентски Отпор“ за „Локално“ изјави дека протестот има социјална и образовна природа и е потикатнат од „акцијата на владејачкото мнозинство, зашто предлог-измените на законот биле издејствувани по скратена постапка и позади грб на студентите“.
Тие од протестот ќе побараат и изедначување на стипендиите со повисокиот износ, подобрување на условите во студентските домови, за студентите да не важат антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.
Претставници на движењето потоа треба да се сретнат со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард.
Универзитетското студентско собрание, кое е најголем застапник на студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ засега останува настрана од протестите на движењето на Јанев.
„Ќе ги исцрпиме сите инстиционални механизми, ако тоа не вроди со плод, ќе одиме со други механизми“, вели за „Локално“ Славчо Темелковски од Универзитестото студентско Собрание.
„Ние би биле сами организатор или коорганизатор на некој протет и во тој случај би барале подршка од други организации. Нашиот став во однос на протестот е неутрален и нивните барања и нашите барања се исти, се бориме за иста цел и верувам дека кога ќе завшри средбата во Собрание, очекуваме барањето на Универзитесткото собрание заедно со други универзитети да бидат прифатени. Во спротивно, ако не бидат прифатени, ќе користиме други механизми за да ги бараме нашите права“, вели Темелковски.
Претходно Јанев од Студентскиот отпор за „Локално“ изјави дека смета оти формално имаат подршка од студентите од сите факултети и универзитети од државата.
-Јас сум член на Универзитеското студентско Собрание на Универзитетот во Штип и денеска ќе учествувам во име на мојот универзитет на денешната дискусија. Официјална поддршка од студентите од другите студентски организации би била добра во контекст на официјализација и поддршка на одредени движења, но голем дел од студетите се членови на универзитески или студентски или факултетски собранија така што технички подршката постои, кажа Јанев за „Локално“.
Има ли политичка партија зад протестот?
Професорката Мирјана Малевска од Унуверзитетот на Југоисточна Европа вели дека во принцип таа подржува протести за правата на студентите, стандардот и други други работи со кои би се подигнал квалитетот на животот и на студирање. Таа сепак дополнува дека треба да се има предвид и опасноста од политичка инструментализација на отпорот.
-Секако дека се оправдани протести ако претходно каналите преку кои тие се обиделе да влијаат биле затворени или недоволно отворени, тоа останува како алтернатива, тоа е граѓанско право. Од друга страна имам едно повеќе животно искуство отколку емпирско потврдено, а тоа дека многу често зад протести кои се организираат на улица стои некоја организација или пак политичка партија, која обично сака да ги искористи тие моменти и тоа незадоволство и да добие политички поени. Не велам дека е тоа така во овој конкретен протест, но во принцип и тоа треба да се има предвид. Но и нека е така, имаат граѓаните право да протестираат против одлуките на властите или против она што власта не го направила, а треба да го направи, тое е граѓанско право и ако се дражат до правилата пропишани во законите за тоа како се протестира, каде се протестира, кога се протестира, во тој случај не гледам пречка зошто не би протестирале, вели за „Локално“ Малаевска.
До протестите доаѓа во време на инфлација и енергетска криза која се одразува и врз стандардот на студентите.
Професорката Малевска истакнува дека денешниот протест повеќе е од социјална природа но оти во јавноста потреба е дебата и за квалитетот на образованието.
Постојано се зборува дека во земјава кавалитетот на образование не е на висина на која треба да биде, разни реформи се преземат, а и натаму меѓународни институции кои го мерат квалитетот на образоавнието констатираат дека учениците не покажуваат соодветен квалитет.
„Досега не видов протести на студенти за подобар квалитет на образование, но можеби е тоа е потешка и посложена работа за протести, можеби повеќе прашање на дебата, на дискусија итн .Но не добар ниту стандардот, ниту квалитетот на студиите“, вели Малевска.
Инфалација е, но да не се стега обрачот врз студентите
Од Младинскиот Обарзовен Форум (МОФ), од каде ги следат состојбите во образованието, велат дека државата треба да спречи енергетската криза и инфлацијата да се одразат врз академската заедница и студентите.
Петар Барлаковски од МОФ за „Локално“ истакна дека го разбираат револтот на студентите.
– Од почеток на кризата студентскиот стандард прв дојде на удар со рационализацијата на трошоците во студентските домови кои се во сусптандардни услови. Во однос на предлозите за субвенциониран обрак во услови на енергетска криза и инфлација каде дражата се соочува со потешкоти, сметам дека не треба на студентите да им се стега обрачот“, изјави Барлаковски.
Дискусија во Собрание за законските измени
Премиерот Димитар Ковачевски вчера рече дека е добро да се одржи собраниска седница на која ќе се дискутира за студентскиот стандард.
Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, која е еден од предлагачите на законските измени, посочи дека не е точно дека некој сака да го укине студентскиот оброк, туку дека се бара трајно и системско решение за тој да функционира како што беше првично замислен, а по моделот кој се применува во Република Словенија.
Со досегашното решение во Законот за студентски стандард околу 40.000 македонски студенти кои се на додипломски студии на државните и приватните универзитети,од минаатта година почнаа да добиваат по 2.400 денари месечно.
М.С.М.