Според „Индипендент“, продажбата на Манчестер Јунајтед наскоро би можела да се случи и тоа во најскапата трансакција во историјата на клупскиот спорт, вредна шест милијарди фунти.

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и газда на компанијта „ИНЕОС“, потврди дека е заинтересиран за купување на Манчестер Јунајтед.

„Ако клубот е на продажба, Џим дефинитивно е потенцијален купувач. Ако нешто такво биде можно, Џим е заинтересиран за долгорочна сопственост на клубот. Не е работи за трошеето пари. Џим ги разгледува опциите кои може да се преземат бидејќи знае колку е важен клубот за градот. Чувството е дек е време за ресетирање“, изјави портпаролот на Ретклиф.

69-годишниот Британец, кој цел живот е навивач на Јунајтед, претходно ова лето се обиде да го купи Челзи, но неговата понуда ги проби роковите кои беа поставени за продажба.