Фудбалерите на Рома синоќа остварија голема победа на гостувањето кај Интер од 1:2.

Жозе Мурињо не можеше да ги води своите играчи поради суспензија, па мечот го следеше на паркингот во автобусот на Рома.

Мурињо на крајот ја прослави победата и порача:

„Мојата желба е никогаш да не заминам оттука. Ќе направам се во мојата моќ за Рома одново да победува“, изјави Мурињо.