Рома успеа да остане непоразена во големото дерби против Јувентус, иако одигра слабо прво полувреме и имаше негатива од 1:0.

Јувентус беше доминантен во првото полувреме и можеше да има поголемо водство, а Мурињо изјави дека се срамел од своите фудбалери во првиот дел.

„На полувремето им кажав на моите фудбалери дека се срамам од нив. Не беше во прашање тактика туку нивниот однос. Не смееме да дојдеме тука и да играме на овој начин. Му велев на Салваторе Соти на клупата дека треба да се моли што резултатот е само 1-0. Бидејќи негатива од само 1-0 беше фатанстичен резултат по тоа прво полувреме и имавме многу среќа“.

„Не направивме ништо. Во вториот дел излезе некој друг тим, иако за несреќа немав многу опции на клупата  со Заниоло и Вајналдум повредени. Ако го анализираме второто полувреме, заслуживме да победиме со 1-0, но првото бевме очајни“, изјави Мурињо.