Мурињо: Ако испаднеме од Лига Европа тоа ќе биде благослов за Серија А

Eкипата на Рома игра добро на стартот на новата сезона во италијанското првенство и после девет одиграни кола заостануваат четири бода зад водечкиот Наполи.

Меѓутоа во Лигата на Европа тимот на Мурињо баш и не се прослави. Во група со Бетис, Хелсинки и Лудогрец Рома има само три бода од можни девет. За да се надева на пролет во второто по ранг европско натпреварување на Рома потребна и е победа на денешното гостување во Шпанија.

Пред натпреварот Жозе Мурињо истакна дека испаѓање од Лигата на Европа би било благослов за фокус на Серија А, но во исто време и лошо за амбициите.

„Групата може да ја заврши како втори, трети или четврти. Ако испаднеме од Лига Европа тоа ќе биде благослов за фокус на првенството, но исто така и негативно за нашите амбиции и самодоверба“, изјави Мурињо.

Коментари
ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...