Конечно дојде денот кога ќе стартува 22-то Светско фудбалско првенство во Катар.


Врачот на Мане потфрли, Мегваер стигна и до Мундијал – 2 ден ↓↓↓


Првиот Мундијал кој ќе се одржува во зима беше отворен со спектакуларна церемонија на стадионот „Ал Бајт“.

Легендарниот американски актер Морган Фримен ја имаше честа да ја крене завесата на мундијалскиот собор, кој ќе трае до 18 декември.

Потоа следеше спектакуларно светлосно шоу и музика со која домаќините им посакаа добредојде на гостите од целиот свет.

Првиот меч се игра денес во 17 часот каде домаќинот го пречекува Еквадор во натпревар од Групата А.