Се уште нема реакција од градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами за обвинувањата во врска со зголемувањето на долгот на општина Тетово за над 1 милион евра за период од половина година колку што истиот ја води Општината.
Касами продолжува да молчи и да не коментира, потврдува или демантира, фактите што пред неколку денови ги откри порталот index.mk.
Потсетуваме, index.mk неофицијалните податоци за зголемувањето на долгот ги откри пред неколку дена, а во меѓувреме очекуваме да ги добиеме и официјални информации од надлежните институции, општината или министерството.
Инаку, податоците покажаа дека во декември 2021 година, кога Касами беше на чело на Општината, долгот во однос на неподмирените обврски на општината, без јавните претпријатија, на крајот на 2021 година изнесува 836.926.346 милиони денари, но од тој момент долгот до август 2022 година достигнал 860.738.309 милиони денари.
Со проста математика излегува дека за половина година Билал Касами само во обврските на општината ги зголемил 23.811.963,00 милиони денари, без да ги вклучи јавните претпријатија. Доколку овие средства ги претвориме во евра, излегува дека долгот на општината е зголемен за 387.186,00 илјади евра, пренесува ексклузивно indeks.mk.
Ако ги погледнеме и останатите долгови поврзани со кредитите што ги добива општината, доаѓаме до заклучок дека и овде има зголемување.
Односно, сумата што Касами ја наследил во 2021 година изнесувала 147.793.148,00 милиони денари, но за шест месеци оваа сума достигнала 185.579.854,00 милиони денари. Така, во рок од шест месеци оваа сума е зголемена за 37.786.676,00 милиони денари, кои ако ги претвориме во евра, излегува дека долгот по кредит на општина Тетово е зголемен за 614.417,00 илјади евра.
А ако се додадат двете зголемувања, ќе се види дека општина Тетово за само половина година на чело со Билал Касами го зголемила јавниот долг за 1.001.603,00 евра.