Министерството за надворешни работи денеска ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.
Верзијата може да се види на следниот ЛИНК.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на 17-ти јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој воедно е записник од втора седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.